Администрацијата на Доналд Трамп почна да прима барања од компании за враќање на повеќе од 166 милијарди долари наплатени царини, откако Врховниот суд на САД пресуди дека претседателот немал законско овластување да ги воведе преку вонредните економски овластувања.
Со тоа една од најагресивните трговски политики на Трамп се претвора во една од најголемите фискални корекции во поновата американска економија.
Повратот се однесува на царини наплатени од увозници што директно ги платиле давачките.
Ројтерс објави дека американската Царинска и гранична служба отвори нов дигитален систем преку кој компаниите можат да поднесуваат барања за рефундирање.
Станува збор за 330.000 увозници и околу 53 милиони пратки, за кои државата сега треба да ја враќа наплатената сума.
Според американските медиуми, меѓу засегнатите се големи увозници, логистички компании, трговски синџири и производители што зависат од глобални снабдувачки линии.
Слични новости
Шпанија, Словенија и Ирска бараат суспензија на спогодбата меѓу ЕУ и Израел
Шпанија, Словенија и Ирска побараа Европската унија да ја суспендира спогодбата со Израел за придружување, изјави шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес.
Иран не испрати преговарачи во Пакистан: „Не разговараме под закани“
Иранската државна телевизија објави дека делегацијата на Иран не отпатувала во Пакистан на мировни преговори со САД, негирајќи ги извештаите на меѓународните медиуми за заминувањето на иранските претставници во Исламабад и закажаните датуми на разговорите меѓу САД и Иран.
ЕУ замрзнува 1,5 милијарди евра за Србија
Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос денеска ќе соопшти дека Европската унија замрзнува 1,5 милијарди евра наменети за Србија


