Хјустон ја победи Минесота во дерби меч од Западната конференција на НБА што се одигра утринава со 110:105. Најдобар поединец кај Хјустон беше Кевин Дурант кој даде 39 коша од кои шест тројки, а Алперен Шенгун уфрли 25 коша со 14 скокови.
Кај гостите најдобар беше Џулијус Рендл со 39 коша, а Минесота настапи без најдобриот играч Ентони Едвардс.
Минесота останува во Тексас каде што за помалку од 24 часа ги очекува меч со Сан Антонио Спарс.
Слични новости
Филаделфија направи неочекуван брејк во Бостон и израмни на 1:1
Филаделфија направи големо изнендаување откако го победи фаворизираниот Бостон на гостински терен со 111:97. Клучен за победата на Филаделфија беше рукито Еџкомб кој постигна 30 коша и имаше 10 скокови
Артета по поразот во дербито со Сити вели дека клучен беше елементот на среќа
Тренерот на Арсенал МИкел Артета изјави дека во вчерашниот натпревар против Манчестер сити неговата екипа пропушти шанса да направи голем чекор кон освојување на титулата, но дека и натаму верува во успех.
Орландо го приреди првото големо изненадување во плеј офот
Кошаркарите на Орландо кои изборија плеј оф учество како осми на истокот утринава го победија фаворитот на Истокот првопласираниот Детроит на гостински терен со 112:101 во првото коло од плеј офот.


