Хјустон Рокетс ја совладаа Индијана без Кевин Дурант, а товарот го презеде центарот Алперен Шенгун кој постигна 39 коша и имаше 16 скокови.

Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, но Шенгун беше смирен во изведувањето на слободните фрлања за победа на Хјустон од 118:114.

Мемфис пак ја победи Минесота без Џа Морант за кого се шпекулира дека ќе биде трејдуван од тимот. Најдобар играч кај Мемфис беше Џерен Џексон со 30 коша, додека кај Минесота најефикасен беше Ентони Едвардс.

Мемфис со победата ја запре низата од шест порази по ред.

Слични новости

Тотенхем бара вина за лошата сезона во судењето

Тотенхем бара вина за лошата сезона во судењето

Според извори на Би Би Си Спорт, клубот посебно се фокусирал на недоследните одлуки што доведоа да се признаат или поништат голови по контакти во шеснаесетникот. Тотенхем смета дека е оштетен во повеќе наврати во текот на сезоната.