Хјустон Рокетс ја совладаа Индијана без Кевин Дурант, а товарот го презеде центарот Алперен Шенгун кој постигна 39 коша и имаше 16 скокови.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, но Шенгун беше смирен во изведувањето на слободните фрлања за победа на Хјустон од 118:114.
Мемфис пак ја победи Минесота без Џа Морант за кого се шпекулира дека ќе биде трејдуван од тимот. Најдобар играч кај Мемфис беше Џерен Џексон со 30 коша, додека кај Минесота најефикасен беше Ентони Едвардс.
Мемфис со победата ја запре низата од шест порази по ред.
Слични новости
Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид
Трансферот на Гризман во Орландо беше блиску и за време на зимскиот преоден рок, но Гризман реши да остане во Атлетико откако клубот се пласираше во финалето на купот на кралот и четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Зинедин Зидан ќе ја преземе селекцијата на Франција отако Дешамп се повлекува по Светското првенство во фудбал
Зидан нема ангажман по 2021, а досега единствениот клуб што го водеше како тренер беше Реал Мадрид.
Нов трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер врз Портланд
Денвер Нагетс го победија Портланд на домашен терен со 128:112 и го задржаа петтото место во Западната конференција на НБА лигата. Никола Јокиќ постигна нов трипл дабл со 22 коша, 14 скокови и 14 аистенции.


