Хјустон Рокетс ја забележаа првата победа во серијата против Лејкерс со 115:96, откако во првите три меча Лејкерс поведе во серијата со 3:0.

Ејмен Томсон беше најдобар кај Хјустон со 23 поени и 7 скока, Тери Исон даде 20 поеи, а турскиот центар Алперен Шенгун 19. Кај Лејкерси, Диандре Ајтон даде 19 поени, Руо Хачиумура 13, а Леброн Џејмс остана на 10 поени.

На Истокот Бостон поведе против Филаделфија со 3:1, со убедливата победа од 128:96 и стигна на чекор до полуфиналето на Истокот. Најефикасен во убедливата победа на Бостон беше Пејтон Причард со 32 коша, додека Џејсон Тејтум даде 30 коша со 11 асистенции и 7 скокови.

 

Слични новости