Хутите зазедоа уште еден стратешки важен остров во јужното Црвеното Море, соопштија нивните претставници, а потврда на таквата информација дојде и од владата во Сана. На тој начин, јеменските бунтовници дополнително ја засилија контролата над поморската рута Баб ел Мандеб.
Заземањето на островите Голем и Мал Ханиш се случува во момент кога владините сили, со поддршка на Саудиска Арабија, се обидуваат да ги консолидираат своите редови и да го возвратат ударот по брзото напредување на Хутите долж западниот брег на Јемен.
Ескалацијата на војната, особено нападите на Хутите врз саудиската нафтена инфраструктура во Црвеното Море, прават дополнителен притисок врз глобалните залихи и цени на нафтата, што би можело да даде предност на Иран во војната со САД.
Хутите распоредија свои борци на островите Ханиш, 160 километри северно од Баб ел Мандеб, откако стотици владини сили се повлекоа од архипелагот.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.