Хутите, поддржани од Иран, за само 36 часа остварија значителен напредок долж западниот брег на Јемен, преземајќи ја стратешката пристанишна Мока и островот Перим, кој се наоѓа на влезот во Црвеното Море.
Брзиот напредок предизвика меѓусебни обвинувања меѓу сојузниците на јеменската влада.
Јеменски извори тврдат дека побарале воздушна поддршка од Саудиска Арабија и САД, но дека таа не пристигнала навреме. Други аналитичари, пак, укажуваат на внатрешните поделби во јеменските сили и слабата координација како главни причини за падот на Мока.
Преземањето на Перим им дава на Хутите значително поголемо влијание врз Баб ел-Мандеб, теснецот што го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и претставува клучна рута кон Суецкиот Канал.
Во услови кога Иран веќе има силно влијание врз Ормускиот Теснец, новото зајакнување на Хутите може дополнително да го загрози глобалниот поморски сообраќај и да изврши притисок врз цените на нафтата.
Аналитичарите предупредуваат дека Хутите би можеле да продолжат со напредувањето кон исток, со што конфликтот во Јемен би можел да стане втор фронт во пошироката војна меѓу САД и Иран.
Слични новости
Повеќе од 60 полицајци повредени во напад на противниците на брзата пруга Торино-Лион
Најголемите судири се случија на градилиштето на пругата во Кјомонте. Таму биле извршени повеќе едновремени напади, поради што италијанските медиуми оценуваат дека станува збор за однапред подготвена и координирана акција. По повеќе обиди маскираната група го пробила полицискиот кордон и упадна во просторот пред железничкио тунел.
ЕУ усвои нов пакет на санкции против Русија
Земјите на Европската унија постигнаа договор за сеопфатен пакет на санкции против Русија, соопштија дипломатски извори во ЕУ. Станува збор за 21-ви пакет санкции што ЕУ го усовојува против Русија од почетокот на војната со Украина.
Европската комисија го казни Гугл со 890 милиони евра
Европската комисија денеска и изрече две кази на американската технолошка компанија „Гугл“ во вкупен износ од 890 милиони евра поради кршење на Законот за дигитални пазари, откако утврди дека американскиот технолошки гигант ја злоупотребил својата доминантна позиција на сопствениот интернет пребарувач.


