Аргентинскиот репрезентативец и ѕвезда на Атлетико Мадрид Хулиан Алварез го отпушти својот менаџер Фернандо Хидалго.

Задоволство од одлуката на Алварез изрази и клубот Атлетико Мадрид кој сметаше дека токму Хидалго беше човекот што го туркаше Алварез во Барцелона и ги распламтуваше страстите во медиумите.

Алварез сакаше да замине во Барцелона, извесен период не тренираше со соиграчите и стана една од најголемите ѕвезди на преодниот рок иако на крајот остана во Атлетико Мадрид.

Алварез има важечки договор со Атлетико Мадрид до 2030.

Слични новости

Стоперот на Барцелона Андреас Кристенсен со потешка повреда и ќе мора да паузира најмалку два месеца

Стоперот на Барцелона Андреас Кристенсен со потешка повреда и ќе мора да паузира најмалку два месеца

Стоперот на Барцелона има потешка повреда од првичните прогнози дека за четири недели би можел да се вртаи на теренот. Новите лекарски контроли покажуваат дека данскиот стопер го очекуваат минимум два месеци пауза.