Аргентинскиот репрезентативец и ѕвезда на Атлетико Мадрид Хулиан Алварез го отпушти својот менаџер Фернандо Хидалго.
Задоволство од одлуката на Алварез изрази и клубот Атлетико Мадрид кој сметаше дека токму Хидалго беше човекот што го туркаше Алварез во Барцелона и ги распламтуваше страстите во медиумите.
Алварез сакаше да замине во Барцелона, извесен период не тренираше со соиграчите и стана една од најголемите ѕвезди на преодниот рок иако на крајот остана во Атлетико Мадрид.
Алварез има важечки договор со Атлетико Мадрид до 2030.
Слични новости
Чиро Имобиле реши да стави крај на својата кариера
Имобиле ја започна кариерата во Јувентус, а подоцна играше и за Џенова, Торино и Борусија Дортмунд. Сепак најголем печат остави во Лацио каде што играше од 2016-2024
Манчестер сити ги продава Родри и Рејндерс, а нивна замена треба да бидат Андерсон и Енцо Фернандез
За да ослободи пари за Енцо Фернандес, Сити ги продава Родри во Барцелона и Тиџани Рејндерс во Ал Кадси во Саудиска Арабија.
Кристијан Ромеро премина од Тотенхем во Атлетико Мадрид
Иако за неговите услуги беа заинтересирани и Арсенал и Барцелона, Ромеро на крај го избра Атлетико Мадрид, а клучната улога во преговорите ја имаше тренерот на Атлетико, сонародникот на Ромеро Аргентинецот Диего Симеоне.

