Германската модна компанија Хуго Бос денеска објави дека нејзината оперативна добивка во првиот квартал на 2026 падна на 35 милиони евра, но и покрај тоа, ја надмина прогнозата на аналитичарите кои проектираа добивка од 30 милиони евра, а пазарите реагираа со скок на акциите на компанијата за 5 проценти.

Извршниот директор на Хуго Бус изјави дека војната на САД и Израел против Иран придонесоа за негативно влијание врз продажбата на клучни пазари, а особено на Блискиот исток.

Хуго Бос проценува дека глобалните трендови и воените ефекти ја намалиле вкупната продажба за 1 насто, додека за сега не е забележано пореметување во синџирите за снабдување.

Слични новости

Пад на цените на нафтата

Пад на цените на нафтата

Цената на суровата нафта Брент падна за околу 4,3% на 94,62 долари за барел во понеделник до 23:45 часот по источно време.