Јавноста на прес-конференцијата во Владата беше информирана дека до Комисијата досега биле доставени 25 случаи. Комисијата утврдила дека шест од случаите треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, бидејќи истата не е надлежна. Анализирани биле 19 случаи од кои кај 10 случаи, Комисијата утврдила дека се непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција.

„Тоа значи е првично на основа на она што можевме сега да изработиме и заради тоа излеговме бидејќи знаеме дека е голем интерес на јавноста, меѓутоа нашата работа треба да заврши со професионален извештај што ќе даде комплетен сеопфатен приказ на секој поединечен случај, зашто се работи за човечки животи и не само за финансиски средства. И ќе треба да влеземе малку … ова сега работевме само по пријави. Ова се пријавени пациенти коишто доставиле свое барање – претставка до Фондот или институции со поставен сомнеж за одредена процедура. Така што, приказната продолжува, ние сме некаде малку порано од половината. Уште многу имаме да работиме само за овие случаи, а за она другото за што планираме – тоа е навлегување малку подлабоко со една рандом студија, каде и како се работи во секоја институција, не само во приватните, туку и во државните, ќе следи во наредниот период“, соопшти Христовски.

„Не само во кардиохирургија, овде се работи за кардиоваскуларна медицина. Во сите болници што се бават со кардиоваскуларна патологија. Тоа значи ширум Македонија, сите болници што се бават со кардиоваскуларна патологија, ќе нè интересира како се пристапува. И нас ќе нè интересира и не постапување – не само постапување“, рече тој.

На новинарско прашање околу тоа во кои болници се утврдени непотребно извршени операции или имало непотребно упатени за операција, Христовски порача да се почека да се заврши комплетниот извештај.

„Кога не се комплетни извештаите, посочувате со прст кон нешто што апсолутно, ниту е етички, ниту е законски“, рече Христовски меѓу другото.

На новинарско прашање за тоа дека пациенти се жалат на лоши услови во кумановската болница, министерот Азир Алиу одговори дека надлежните ќе одат чекор по чекор за да се подобри инфраструктурата во државата.

„Условите во здравството, за жал, не се лоши само во Куманово, туку насекаде. Не се на нивото – основно ниво за едно примарно, секундардно, терцијарно здравство. Не случајно работиме во три насоки. Аспект на инфраструктура, потоа дигитализација и аспект на човечки ресурси“, посочи министерот.

globe

Слични новости

Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК

Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК

Два дена откако Европската унија изрече голема казна на платформата X, социјалната мрежа ја затвори својата рекламна сметка на Европската комисија, а сопственикот Илон Маск ја спореди Унијата со нацистичка Германија

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција