Шпанската полиција соопшти дека уапсила шест хрватски државјани, „членови на патувачка криминална организација“, која ограбувала куќи на југот на Шпанија.
Неименувани лица на возраст меѓу 20 и 40 години биле приведени во заедничка акција на полицајци од андалузиските градови Малага и Алгесирас.
Истрагата започна откако на 25 јули било провалено во куќа во Алгесирас. Полицијата успеала да ги идентификува четворицата осомничени и автомобилот што го користеле во тој момент.

Полицајците ги следеле осомничените и дознале каде живеат, а потоа со судска наредба упаднале во нивната куќа. Таму нашле алат за обивање брави и накит, скапи чанти и пари за кои веруваат дека биле украдени.
Во исто време, полицијата во Малага фатила „уште двајца членови на бандата на дело“ додека обивале брава од една куќа. Кај нив бил пронајден и украден накит и пари, соопшти полицијата.
Истрагата потврдила дека приведените дејствувале како „патувачка група“, поделена во мали ќелии од две или три лица, главно жени.
„Овие ќелии избирале домови во коишто немало никој во текот на денот, фокусирајќи се на накит, пари, облека и козметика“, извести полицијата.
Додека некои членови крадеа, другите би следеле за некој да не наиде. Алатите за кражба биле носени скриени во облека или чанти. Тие, исто така, иамле подготвени автомобили за бегство.
Полицијата соопшти дека вешто ги обивале бравите, понекогаш неоставајќи видливи знаци за провала. Користеле и лажни документи.
Уапсените се товарат за најмалку осум кражби на куќи, а полицијата не ја исклучува можноста да учествувале и во други грабежи. Истражен судија им одредил мерка притвор.
Ова е само последен во низата случаи во кои во Шпанија се уапсени членови на патувачки банди со хрватски документи. Во грабежите најмногу учествуваат млади жени, а мажите ги развозуваат и го земаат пленот, информираше претходно полицијата.
Слични новости
Турција го приведе адвокатот на притворениот градоначалник на Истанбул
Турските власти го приведоа адвокатот на притворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, главниот политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, изјави во петокот пратеник од главната опозициска Републиканска народна партија (CHP)
Европскиот суд побара од српските власти да коментираат за употребата на звучно оружје на протестот
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) побара од српската влада да даде одговори во врска со наводите дека било употребено звучно оружје против учесниците на масовниот протест во Белград на 15 март, поставувајќи краен рок за одговор до 31 март, а правни експерти укажуваат дека тоа може да влијае на процесот на европска интеграција на Србија
Градоначалникот на Истанбул во притвор до судењето
Турскиот суд во неделата нареди градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу да биде притвоен во очекување на судењето, објавија државните медиуми