Ја имате нашата поддршка и понатаму да истраете на евроинтегративниот пат и да ги решите препреките, добро е да се оствари сојузништво во рамки на НАТО и ЕУ, истакна претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши.

– Да се оствари уште подлабоко партнерство и пријателство меѓу нашите земји што е добро за двата наши народа. Вие знаете, ги потврдувам зборовите на претседателот Гаши дека Република Хрватска е силен поддржувач на Република Северна Македонија. Знам дека се соочувате со проблеми. Знам дека вашето членство во НАТО беше исполнето со препреки, и дека сè уште се соочувате со одредени препреки кон патот на ЕУ. Можам да кажам дека членството во ЕУ има геополитичко значење. Тоа донесува сигурност. Се разбира, на тој пат вашата земја ќе мора да помине низ процес на реформи што е добро затоа што и Хрватска го помина тоа – рече Јандроковиќ.

Ве охрабрувам, нагласи спикерот на хрватскиот Сабор, да продолжите на тој пат, да дадете се од себе затоа што тоа, како што рече, ќе биде во корист на државата.

– Реформите донесоа многу позитивни ефекти во општеството. Имаме инвестиции, зголемено ниво на вработеност. Имаме најпозитивни општествени промени. И затоа и ве охрабрувам да продолжите на тој пат да дадете се од себе затоа што тоа ќе биде во корист на државата. Ќе обезбеди подобра економија и подобар животен стандард. Без разлика на препреките и на пречките коишто се некогаш неправедни вие ја имате нашата поддршка на тој пат – рече тој.

Јандроковиќ потенцира дека политичките односи меѓу нашите две држави се извонредни, исто како што е економската соработка бидејќи, како што рече, стоковата размена меѓу двете држави постојано расте.

Гаши нагласи дека во фокусот на нивниот состанок било зајакнувањето на меѓупарламентарната соработка преку заедничките парламентарни групи кои се формирани во двата законодавни дома. Размената на искуства, идеи и идентификацијата на полињата за соработка, додаде тој, се клучни чекори во зајакнувањето на нашите врски.

– Хрватска беше и останува силен и постојан поддржувач на европската перспектива на нашата држава. Силно верувам дека Хрватска е примерот од кој можеме да научиме како да ги спроведеме реформите и интегративниот процес во ЕУ. Потсетувам дека двете земји во истата година го потпишаа Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, а денес Хрватска веќе 12 години е полноправна членка, додека за жал, Северна Македонија заостанува во овој процес поради добро познатите пречки. Свесни сме дека има уште работа реформи што треба да се спроведат и прашања кои треба да се решат. Но со сојузници како Хрватска и другите од ЕУ веруваме дека овој процес ќе биде успешен за нас исто како што беше и за Хрватска. Реформската агенда и планот за раст на Западен Балкан се важни и охрабрувачки елементи кои сведочат за ангажманот на ЕУ во поддршка на нашата интеграција и земјите од регионот – рече спикерот Гаши.

Оваа средба, како што потенцира Гаши, исто така беше одлична можност да потврдиме дека нашите сојузништво е уште посилно преку соработката во рамките на НАТО каде нашите земји активно учествуваат во мисиите за зачувување на мирот и безбедноста, како заеднички демократски вредности.

– Во рамките на оваа заложба се согласивме дека нашата интеграција во ЕУ не е само аспирација и потреба за внатрешен развој, туку е геополитичка нужност особено ако ги земеме предвид тензиите и руската агресија врз Украина. Сметам дека нашиот пат кон ЕУ е инструмент за обезбедување за стабилност и мир во регионот. Ги разгледавме можностите за соработка во различни области како што се економијата, културата и мултилатералната соработка. Се согласивме дека ќе продолжиме да бидеме лојални партнери на регионално и меѓународно ниво. Поддршката на Хрватска за Северна Македонија како во процесот на интеграција во ЕУ, така и во секоја друга област е од непроценлива вредност и од клучно знаење за нас – рече Гаши.

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ по прес-конференцијата се обрати и пред пратениците во македонското Собрание.

globe

Слични новости

Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок

Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок

Спасовски потенцираше дека реформи во правосудството треба да има, меѓутоа согласно законите и уставните приниципи потенцирајќи дека веќе се подготвуваат неколку законски решенија за системски промени

Ниту еден чекор на Владата нема да биде во насока да се влоши состојбата во медиумскиот сектор  

Ниту еден чекор на Владата нема да биде во насока да се влоши состојбата во медиумскиот сектор  

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше во вчерашната дебата на емисијата „360 степени“ на МРТ1, каде што главна тема беа Нацрт-измените на Законот за медиуми. Тој потсети дека нацртот бил објавен на системот ЕНЕР, дека имало различни коментари и дека актуелната верзија е некаква средна вредност што произлегла од нив.

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за субивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција