Рокот за положување на свечената заклетва на новиот хрватски претседател Зоран Милановиќ, кој убедливо победи на претседателските избори со речиси 75 отсто од гласовите е одредена за 18. февруари, но сѐ уште не се познати точниот датум и локација на церемонијата на инаугурација.

Првиот мандат на претседателот Милановиќ истекува на 19. февруари, а Кабинетот на претседателот сѐ уште не сака да разговара за деталите за инаугурацијата. Познато е дека на инаугурацијата нема да присуствуваат претседателот на Саборот (парламентот) Гордан Јандроковиќ и премиерот Андреј Пленковиќ, бидејќи, како што објасни премиерот, „флагрантното кршење на Уставот“ од страна на Милановиќ.

Во медиумите се појавија шпекулации дека Милановиќ би можел да ја одржи својата втора и последна церемонија на инаугурација според уставот, овојпат на плоштадот „Свети Марко“, како што тоа го правеа сите негови претходници, но и на главниот плоштад во Загреб – плоштадот на „Бан Јелачиќ“. Се шпекулира и дека инаугурацијата би можела да се случи неколку дена пред крајниот рок, а тоа е 18. февруари.

 

Заклетвата на избраниот храватски претседател се полага пред претседателот на Уставниот суд, според текст кој е дефиниран со Законот за избор на претседател. Претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ, кој постојано беше во вербален конфликт со Милановиќ, изминатите денови изјави дека е подготвен да постигне договор за инаугурацијата и церемонијата на полагање заклетва.

Првата претседателска инаугурација на Милановиќ се одржа на 18. февруари во Кабинетот на претседателот. Таа беше прва што не се одржа на плоштадот „Свети Марко“, а имаше најмалку ппоканети гости, во однос на претходните инаугурации на хрватските претседатели.

 

На неа присуствуваа судии на Уставниот суд, највисоки државни функционери, двајца поранешни претседатели, Стипе Месиќ и Иво Јосиповиќ, семејството и членови на изборниот тим на Милановиќ. Немаше присутни партиски претседатели, дипломати или претставници на црквата. Инаугурацијата тогаш започна со изведбата на хрватската химна која ја пееше прославаната пејачка Јосипа Лисац, чија карактеристична изведба предизвика бројни подвоени реакции во хрватската јавност.

Милановиќ, како и поранешните претседатели Стјепан Месиќ и Иво Јосиповиќ, не носеше претседателска лента. По заклетвата и говорот, следуваше примопредавање на должноста меѓу Милановиќ и тогашната претседателка Грабар-Китаровиќ. Церемонијата на инаугурација се сметаше за соодветна, со ниски трошоци.

Иако на инаугурацијата во 2020 година присуствуваа претседателот на парламентот и тогаш Гордан Јандроковиќ и премиерот Андреј Пленковиќ, премиерот по седницата на Претседателството и Националниот комитет на владејачката HDZ изјави дека ниту тој, ниту Јандроковиќ нема да присуствуваат на инаугурацијата на „човек кој го прекршил Уставот“.

„Зазедовме став, нема да честитаме, ниту ќе се изложуваме себеси, поради флагрантно кршење на Уставот, на апсурдна ситуација да ја слушаме заклетвата на Милановиќ кон Уставот откако тој ја прекршил во безброј наврати. Ниту јас, ниту ќе оди претседателот на Саборот“, рече Пленковиќ.

Пораката на Милановиќ за соработка и подадена рака не ја гледа како искрена, туку како ПР-гест.

Јандроковиќ изјави дека смета дека е правилно да не присуствува на инаугурацијата.

„Ја почитуваме волјата на гласачите и никој не ги доведува во прашање резултатите од изборите. Лично никогаш не сум имал проблем да честитам или да присуствувам на настани како што е инаугурацијата. Секогаш сум го правел она што го сметав за правилно, а овојпат го правам она што верувам дека е правилно“, рече Јандроковиќ.

Државната изборна комисија (DIP) соопшти дека според конечните резултати од претседателските избори, кои се одржаа на 12. јануари, Милановиќ е реизбран за претседател со 1.122.859 гласови или 74,68 отсто, додека неговиот противкандидат Драган Приморац освоил 380.752 гласа или 25,32 проценти.

globe

Слични новости

Грција предупредува на зголемена сеизмичка активност на Санторини

Грција предупредува на зголемена сеизмичка активност на Санторини

Грчките власти ги советуваа жителите на егејскиот остров Санторини да ги затворат училиштата во понеделник, да избегнуваат две мали пристаништа и да се воздржат од собирање во затворени простории по зголемената сеизмичка активност во областа последните денови

Блокадата на  мостот Слобода во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица

Блокадата на мостот Слобода во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица

Студенти на три новосадски факултети во блокада, со поддршка на своите колеги кои пеш пристигнаа од Белград, како и моторџии и граѓани, вчера ги блокираа сите три моста во Нови Сад, на денот кога поминаа три месеци од несреќата кај железничка станица во која загинаа 15 лица

Заврши блокадата на два од трите моста во Нови Сад – Жежељскиот и Варадинскиот се проодни, мостот Слобода ќе биде блокиран до утре попладне

Заврши блокадата на два од трите моста во Нови Сад – Жежељскиот и Варадинскиот се проодни, мостот Слобода ќе биде блокиран до утре попладне

Српските студенти денеска блокираа три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешница на градската железничка станица.