Годишната стапка на инфлација во Хрватска мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари изнесува четири отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Тоа е четврти последователен месец на забрзан годишен раст на цените, додека според усогласениот индекс на потрошувачките цени, инфлацијата во јануари беше пет проценти, што е највисока во еврозоната.
Според првичната процена на хрватските статистичари, инфлацијата во јануари изнесуваше четири проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека во однос на декември забележан е раст од 0,1 отсто.
Според главните компоненти на индексот, проценетата годишна стапка на инфлација за услугите изнесува 6,3 отсто, за групата храна, пијалаци и тутун 4,7 проценти, енергијата 4,5 отсто и индустриските непрехранбени производи без енергија 0,5 проценти. На месечна основа во однос на декември лани, цените се зголемени за 2,2 отсто, услугите за 1,4 проценти, а храната, пијалаците и компонентите на тутунот за еден отсто, а цените на индустриските непрехранбени производи без енергија се намалени за 3,4 проценти.
Во еврозоната просечната годишна стапка на инфлација во јануари изнесуваше 2,5 отсто. По Хрватска, највисока инфлација е забележана во Белгија, 4,4 проценти, Словачка 4,1 отсто, Австрија 3,5 проценти и во Литванија 3,4 отсто.
Слични новости
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Трстеник изјави дека нема да има преодна или привремена влада. Тој додаде дека може да има избори или референдум, но додека тој е жив нема да има сервилна влада предводена од белосветски крадци
Низа училишта во Грција добиле лажни заканувачки мејлови, испратени од Русија, за поставени бомби
Заканувачки мејлови за поставени експлозивни направа, кои се покажале како лажни, утрово биле испратени во низа грчки училишта, а истрагата покажала дека се испратени од седум ИП адреси од Русија, информираа од Министерството за образование, религија и спорт на Грција
Бојкот на супермаркетите низ целиот балкански регион
Според примерот на успешната граѓанска акција во Хрватска, за денеска е најавен бојкот и во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а во Словенија веќе е во тек бојкот на некои супермаркети.