Годишната стапка на инфлација во Хрватска мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари изнесува четири отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Тоа е четврти последователен месец на забрзан годишен раст на цените, додека според усогласениот индекс на потрошувачките цени, инфлацијата во јануари беше пет проценти, што е највисока во еврозоната.
Според првичната процена на хрватските статистичари, инфлацијата во јануари изнесуваше четири проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека во однос на декември забележан е раст од 0,1 отсто.
![Глобе Хрватска инфлација](https://mlpilwjrpqeu.i.optimole.com/cb:zVRG.7fa6/w:auto/h:auto/q:mauto/ig:avif/https://globe.mk/wp-content/uploads/2025/02/Глобе-Хрватска-инфлација.jpg)
Според главните компоненти на индексот, проценетата годишна стапка на инфлација за услугите изнесува 6,3 отсто, за групата храна, пијалаци и тутун 4,7 проценти, енергијата 4,5 отсто и индустриските непрехранбени производи без енергија 0,5 проценти. На месечна основа во однос на декември лани, цените се зголемени за 2,2 отсто, услугите за 1,4 проценти, а храната, пијалаците и компонентите на тутунот за еден отсто, а цените на индустриските непрехранбени производи без енергија се намалени за 3,4 проценти.
Во еврозоната просечната годишна стапка на инфлација во јануари изнесуваше 2,5 отсто. По Хрватска, највисока инфлација е забележана во Белгија, 4,4 проценти, Словачка 4,1 отсто, Австрија 3,5 проценти и во Литванија 3,4 отсто.
Слични новости
Министерот за безбедност на БиХ поднесе оставка
Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ поднесе неотповиклива оставка од оваа функција, објави на својот официјален Фејсбук профил.
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
Две големи протестни колони студенти, граѓани и средношколци се сретнаа на Бранков мост околу 13 часот, а потоа заедно тргнаа на прошетка низ улиците на Нов Белград.
Хрватите денеска го бојкотираат пазарувањето во маркетите поради високите цени
Денешниот бојкот на продавниците е важна и артикулирана порака од граѓаните што ќе се земе предвид, изјави во петокот премиерот Андреј Пленковиќ