Годишната стапка на инфлација во Хрватска мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари изнесува четири отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Тоа е четврти последователен месец на забрзан годишен раст на цените, додека според усогласениот индекс на потрошувачките цени, инфлацијата во јануари беше пет проценти, што е највисока во еврозоната.
Според првичната процена на хрватските статистичари, инфлацијата во јануари изнесуваше четири проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека во однос на декември забележан е раст од 0,1 отсто.
Според главните компоненти на индексот, проценетата годишна стапка на инфлација за услугите изнесува 6,3 отсто, за групата храна, пијалаци и тутун 4,7 проценти, енергијата 4,5 отсто и индустриските непрехранбени производи без енергија 0,5 проценти. На месечна основа во однос на декември лани, цените се зголемени за 2,2 отсто, услугите за 1,4 проценти, а храната, пијалаците и компонентите на тутунот за еден отсто, а цените на индустриските непрехранбени производи без енергија се намалени за 3,4 проценти.
Во еврозоната просечната годишна стапка на инфлација во јануари изнесуваше 2,5 отсто. По Хрватска, највисока инфлација е забележана во Белгија, 4,4 проценти, Словачка 4,1 отсто, Австрија 3,5 проценти и во Литванија 3,4 отсто.
Слични новости
Србија: Или нова влада или избори за 75 дена, порача Вучиќ
Изборите би можеле да се одржат за 75 дена, рече српскиот претседател додавајќи дека „нема да има преодни влади“ и дека таа опција „не му паѓа на памет“
Оставка на српскиот премиер Вучевиќ: Политиката на која припаѓам мора да покаже највисок степен на одговорност
Српскиот премиер Милош Вучевиќ во вторник потврди дека ќе поднесе оставка, велејќи дека политиката на која ѝ припаѓа мора да покаже највисок степен на одговорност по протестите и конфликтите што се водат во Србија за речиси три месеца по несреќата на железничната станица во Нови Сад
Студентите во Нови Сад биле нападнати со безбол палки од група мажи, една девојка потешко повредена
Неколку часа откако претседателот на Србија Александар Вучиќ повика на смирување на тензиите во Србија, во Нови Сад група мажи со безбол палки ги нападнаа студентите што протестираа.