Годишната стапка на инфлација во Хрватска мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари изнесува четири отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Тоа е четврти последователен месец на забрзан годишен раст на цените, додека според усогласениот индекс на потрошувачките цени, инфлацијата во јануари беше пет проценти, што е највисока во еврозоната.
Според првичната процена на хрватските статистичари, инфлацијата во јануари изнесуваше четири проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека во однос на декември забележан е раст од 0,1 отсто.
Според главните компоненти на индексот, проценетата годишна стапка на инфлација за услугите изнесува 6,3 отсто, за групата храна, пијалаци и тутун 4,7 проценти, енергијата 4,5 отсто и индустриските непрехранбени производи без енергија 0,5 проценти. На месечна основа во однос на декември лани, цените се зголемени за 2,2 отсто, услугите за 1,4 проценти, а храната, пијалаците и компонентите на тутунот за еден отсто, а цените на индустриските непрехранбени производи без енергија се намалени за 3,4 проценти.
Во еврозоната просечната годишна стапка на инфлација во јануари изнесуваше 2,5 отсто. По Хрватска, највисока инфлација е забележана во Белгија, 4,4 проценти, Словачка 4,1 отсто, Австрија 3,5 проценти и во Литванија 3,4 отсто.
Слични новости
Брнабиќ: Одржувањето избори е демократско решение, парламентарната опозиција нема легитимитет
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ денеска оцени дека одржувањето на нови избори би било демократско решение за актуелната ситуација во земјата бидејќи, како што наведе, „очигледно е дека парламентарната опозиција нема легитимитет“.
Во Приштина откриена лабораторија за фалсификување документи, најдени ознаки на над 50 земји
Илјадници празни документи за идентификација со ознаки на повеќе од 50 земји ширум светот, вклучително и Србија, беа запленети во Приштина.
Србија: Или нова влада или избори за 75 дена, порача Вучиќ
Изборите би можеле да се одржат за 75 дена, рече српскиот претседател додавајќи дека „нема да има преодни влади“ и дека таа опција „не му паѓа на памет“