Годишната стапка на инфлација во Хрватска мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари изнесува четири отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Тоа е четврти последователен месец на забрзан годишен раст на цените, додека според усогласениот индекс на потрошувачките цени, инфлацијата во јануари беше пет проценти, што е највисока во еврозоната.

Според првичната процена на хрватските статистичари, инфлацијата во јануари изнесуваше четири проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека во однос на декември забележан е раст од 0,1 отсто.

Според главните компоненти на индексот, проценетата годишна стапка на инфлација за услугите изнесува 6,3 отсто, за групата храна, пијалаци и тутун 4,7 проценти, енергијата 4,5 отсто и индустриските непрехранбени производи без енергија 0,5 проценти. На месечна основа во однос на декември лани, цените се зголемени за 2,2 отсто, услугите за 1,4 проценти, а храната, пијалаците и компонентите на тутунот за еден отсто, а цените на индустриските непрехранбени производи без енергија се намалени за 3,4 проценти.

Во еврозоната просечната годишна стапка на инфлација во јануари изнесуваше 2,5 отсто. По Хрватска, највисока инфлација е забележана во Белгија, 4,4 проценти, Словачка 4,1 отсто, Австрија 3,5 проценти и во Литванија 3,4 отсто.

globe

Слични новости

Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста

Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми својата безбедност среде војните во Украина и на Блискиот исток.