Репрезентацијата на Хрватска е прв финалист на Светското првенство откако вечерва ја надигра Франција и сосема заслужено славеше со 31-28.

Ова е прво финале за Хрватите по 16 години, а и сега, како и тогаш, беа во улога на кодомаќини. Во тогашното финале, Франција беше подобра и ја освои светската титула, а синоќа Хрватска се одмазди и в недела во Осло ќе се бори за својата втора титула во историјата.

Противникот на Хрватска во финалето ќе се знае вечерва по мечот меѓу Данска и Португалија.

Македонскиот селектро Кире Лазаров им честиташе на Хрватите на победата. „ Честитки од срце. Ова е доказ дека во спортот не победуваат секогаш подобрите, туку оние кои повеќе го посакуваат триумфот. Хрватска беше спремна, борбена и заслужено е во финалето“, изјави Лазаров за хрватските медиуми.

Слични новости