Законската процедура потребна за враќање на обврската за служење на воен рок во Хрватска ќе биде покрената во јануари, по претседателските избори, а првите повици на регрутите се очекуваат во средината на 2025, соопштија од Министерството за одбрана на Хрватска.

Министерот за одбрана Иван Анушиќ изјави дека инструкторите за обука на регрутите се подготвени, а дека обуката на регрутите ќе се одвива на три локации. Потенцијалот на регрути е меѓу 17-18 000 млади момчиња кои ќе навршат 18 години.

Предвидено е служењето на воениот рок да трае два месеци, а регрутите за тоа време ќе примаат месечен надомест од 900 евра. Обврската за воен рок во Хрватска беше замрзната во 2008.

Слични новости