Законската процедура потребна за враќање на обврската за служење на воен рок во Хрватска ќе биде покрената во јануари, по претседателските избори, а првите повици на регрутите се очекуваат во средината на 2025, соопштија од Министерството за одбрана на Хрватска.
Министерот за одбрана Иван Анушиќ изјави дека инструкторите за обука на регрутите се подготвени, а дека обуката на регрутите ќе се одвива на три локации. Потенцијалот на регрути е меѓу 17-18 000 млади момчиња кои ќе навршат 18 години.
Предвидено е служењето на воениот рок да трае два месеци, а регрутите за тоа време ќе примаат месечен надомест од 900 евра. Обврската за воен рок во Хрватска беше замрзната во 2008.
Слични новости
Големи снежни наноси во Босна, над 100.000 граѓани без струја
Во поголемиот дел од Босна и Херцеговина паѓа снег повеќе од 24 часа и создаде многубројни потешкотии во патничкиот сообрачај, а во Република Српска е прекинат и целиот железнички сообраќај.
Романија: Новиот парламент ѝ изгласа доверба на коалициската влада
Проевропската коалициска влада на Романија ја сочинуваат социјалдемократите, либералите од десниот центар и унгарската етничка партија
Нови мерки на Кипар за привлекување странски професионалци и студенти
Министерот за труд, Јанис Панајоту, потпиша уредби кои олеснуваат вработување на висококвалификувани работници од надвор од ЕУ и овозможуваат странски студенти да работат со скратено работно време