Дешниот бојкот на продавниците е важна и артикулирана порака од граѓаните што ќе се земе предвид, изјави во петокот премиерот Андреј Пленковиќ.

Хрватите денеска не купуваат ништо, бојкотираат поради високите цени. На социјалните мрежи веќе се споделуваат видеа и фотографии на кои се гледаат целосно празни паркинзи пред трговските центри и најголемите трговски синџири во повеќе градови, меѓу кои и во најголемите центри Загреб и Сплит.

Иницијативата ја започна фејсбук групата „Ало, инспекторе“, по што ја поддржаа здруженијата за заштита на потрошувачите, синдикатите, политичките партии, па дури и самиот министер за економија.

„Ова е важна и артикулирана порака до граѓаните да ги следат и споредуваат цените и да сметаат дека некои од овие цени се неприфатливи во споредба со слични или идентични производи во странство, каде во денешната ера на технолошки напредок можат лесно да ги споредуваат цените со оние во другите земји“, рече Пленковиќ на воведот на владината седница.

 

„Пораката од граѓаните е важна и ќе биде земена предвид при дефинирањето на мерките за административно ограничување на цените на одредени производи, кои Владата ќе ги донесе следната седмица“, додаде тој.

Според него, Владата го заштитила животниот стандард на граѓаните од високите цени со низа мерки, од кои некои вклучуваат намалување на одредени стапки на ДДВ, ограничување на цените на производите од потрошувачката кошница и субвенционирање на цените на енергијата.

Најави објавување на ажурирана листа на производи со ограничени цени следната седмица.

Пленковиќ потсети на владината иницијатива, имено разговори со трговците, дистрибутерите, производителите и повикот за „одговорно однесување кон граѓаните“.

Според Пленковиќ, Владата очекува сите што влијаат на формирањето на крајните цени во продавниците „да погледнат малку во нивните маргини“.

Во обид да ги заштити граѓаните од високите цени, премиерот очекува ангажман и соработка на Хрватската народна банка, Државниот инспекторат, Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција и здруженијата на потрошувачи.

globe

Слични новости

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.

Шест илјади луѓе го напуштија Санторини

Шест илјади луѓе го напуштија Санторини

Грчкиот авиопревозник „Aegean Airlines“ соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, оперирајќи вкупно девет летови, од кои пет не биле вонредни