Прв на американскиот Бокс Офис од минатата недела е хоророт „Self help“ на режисерот Ерик Блумквист, со Ленди Бендер и Џејк Вебер во главните улоги.

Бројките на Бокс офисот се скромни, минатиот викенд филмот го зазеде првото место со заработка од 19 милиони долари, а до петокот стигна до 24 милиони долари во САД и 8 милиони долари надвор од Америка.

На второто место, исто така е филм од хорор жанрот Челични плиќа на режисерот Марк Фишбак кој ја толкува и главната улога во филмот.

Документарецот Меланија кој се прикажува во 2.000 кино сали ширум САД, за една недела прикажување заработи околу 10 милиони долари, а надвор од САД само 110 000 доари.

 

Слични новости

Бен Стилер побара од Белата куќа да го отстрани „Тропската бура“ од пропагандното видео за војната во Иран

Бен Стилер побара од Белата куќа да го отстрани „Тропската бура“ од пропагандното видео за војната во Иран

Стилер напиша дека никој не и дал дозвола на Белата куќа да користи клипови од филмот и дека тој нема интерес да биде дел од нивната пропагандна машина. Војната не е филм, порача Бен Стилер.