Холивудските актери, како и американските политичари, оддаваат почит по смртта на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел, кои беа пронајдени мртви во нивниот дом во неделата, велејќи дека се „скршени“ по трагичната вест.
Полицијата во неделата објави дека две лица се пронајдени мртви во домот на актерот и режисер Роб Рајнер во Лос Анџелес, додавајќи дека се истражуваат околностите за евентуалното убиство.
Медиумите објавија дека станува збор за 78-годишниот Рајнер и неговата 68-годишна сопруга.
Рајнер е роден во Њујорк и е син на покојниот комичар и актер Карл Рајнер. Тој глумеше во ситкомот на CBS од 1970-те „All in the Family“ и режираше неколку значајни филмови, вклучувајќи ги „Кралската невеста“, „This is Spinal Tap“, „Кога Хари ја запозна Сали“ и „Остани со мене“.
Актерот Џејмс Вудс рече дека тој и Рајнер се пријатели уште од „Духовите на Мисисипи“ од 1996 година. Во онлајн објава, тој наведе: „Студиото не мислеше дека сум доволно возрасен за улогата, но Роб се бореше за мене“.
„Политичките разлики никогаш не се испречија на патот на нашата љубов и почит еден кон друг“, напиша тој, додавајќи дека е „уништен“.
Актерот од „Frozen“, Џош Гад, го опиша Рајнер во објава на Instagram како „еден од најголемите режисери на нашето време“. „Тој беше едноставно прекрасна личност. Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел беа две од најљубезните и најгрижливите души што некогаш можете да ги замислите“.
Џон Кјузак и Елајџа Вуд, кои глумеа во „Господарот на прстените“, исто така му оддадоа почит на Рајнер.
Политичарите, исто така, изразија сочувство за смртта на Рајнер и неговата сопруга, вклучувајќи го и поранешниот претседател Барак Обама, кој напиша на X дека тој и неговата сопруга Мишел се „скршени од трагичната смрт на Роб Рајнер и неговата сакана сопруга Мишел“.
Извештаите велат дека властите сè уште не ги потврдиле идентитетите на двете пронајдени лица.
Американското списание Variety напиша дека портпаролот на семејството им ја потврдил „трагичната смрт на Мишел и Роб Рајнер“.
Слични новости
Зоотопиа 2 стана најуспешен холивудски блокбастер за 2025 за само 18 дена
Една од причините за фантастичниот успех на „Зоотопиа 2 “ е пазарот во Кина каде што филмот надмина заработка од 500 милиони долари. Филмот е сеуште прва на американскиот Бокс Офис и се очекува да продолжи со огромната заработка.
Најдобрите филмови на Роб Реинер
Негов најдобар филм се смета трилерот „ Неколку добри луѓе“ од 1992, со Том Круз, кој доби 4 номинации за оскар, а критиката ги смета сцените со Џек Николсон во судницата за едни од најдобрите во неговата кариера.
Париз ја доби најдолгата градска жичница во Европа
Патниците во Париз отсега може да патуваат до центарот на градот од неговиот јужен дел со жичница долга 4,5 километри, за која се вели дека е најдолгата урбана жичарница во Европа,


