Холивуд тагува по својата икона Дајан Китон. Оскаровката која се прослави со трилогијата на Френсис Форд Копола „Кум“, а потоа играше и во најзначајните филмови од опусот на Вуди Ален, како Ани Хол, почина на 79 годипна возраст во Калифорнија, а причините за нејзината смрт сеуште не се објавуваат.

Френсис Форд Копола кој ја лансираше Дајан Китон со „Кум“ напиша на инстаграм дека „ Зборовите не можат да го опишат чудесниот талент на Дајан Китон. Бескрајно интелигентна и прекрасна. Таа блескаше во сите улоги за време на петдецениската кариера и се околу Дајан беше креативно и персонализирано“ напиша Копола.

Пред талентот на Дајан Китон се поклонија и колегите Роберт Де Ниро, Леонардо Ди Каприо, Кендис Берген и Стив Мартин. Ди Каприо порача дека Дајан беше брилијантна, забавна и секогаш своја !

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година