Американската академијата за филм денеска треба да ги објави номинациите за претстојните Оскари од седиштето на Беверли Хилс. Годинава Оскари ќе се доделуваат во 24 категории, една повеќе отколку лани, откако е воведен Оскарот на најдобар каст.

Холивуд Репортер очекува филмот „Синерс“ да има дури 15 номинации за оскар што би го надминал досегашниот рекорд на Титаник, „Една битка по друга“ се очекува да има монимации во 12 категории, а по 11 номинации се очекува да имаат „Франкештајн“ и „Хамнет“.

Најмногу номинации се очекува да има студиото Ворнер Брос дури 32, а конкурира со четири филма, „Синерс“, „Една битка по друга“, „Ф1“ и Супермен.

Слични новости

Вештачката интелигенција „го оживеа“ Вал Килмер

Вештачката интелигенција „го оживеа“ Вал Килмер

На овогодинешниот СинемаКон во Лас Вегас, вниманието на светската филмска јавност го привлекоа ексклузивните кадри од филмот „Длабоко како гроб“. Филмот стана жешка тема откако креаторите објавија дека ликот на починатиот Вал Килмер целосно ќе биде рекреиран со помош на вештачката интелигенција.