Годинава номинациите за Оскар се одложени поради големите пожари во Лос Анџелес иако требаше да бидат објавени на 17 јануари. Најдобро на специјализираниот Бокс Офис поминува биопикот за Боб Дилан „Целосно непознат“ со Тимоти Шаламе во улогата на славниот американски рокер.

Филмот викнедов заработи 3,8 милиони долари, а има вкупна заработка од 58,4 милиони. Се очекува Тимоти Шаламе кој во филмот самиот ги испеа песните на Боб Дилан да има номинација за Оскар за главна машка улога, а Едвард Нортон да биде номиниран за споредна машка улога.

Зголемен е интересот и за филмот „Babygirl“ за кој номинација за главна женска улога ќе има Никол Кидман. Станува збор за напнат еротски трилер, кој досега заработи 25,7 милиони долари.

На Златните Глобуси најдобро мина филмот Бруталист со Адријан Броди, кој на специјализираниот Бокс офис викендов заработи 2,4 милиони долари викендов, со скромна вкупна заработка од 5,8 милиони.

Наслабо на Бокс Офисот минува филмот „Петти септември“, но тој се прикажува само во 121 специјализирани кина низ САД.

Слични новости

По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо

По 40 години Duran Duran повторно ќе настапува во Санремо

Четири децении по нивниот историски прв настап во Италија во Санремо во 1985 година, британскиот синт-поп бенд Duran Duran повторно ќе настапи на годишниот музички фестивал, објави неговиот менаџер и уметнички директор Карло Конти