Силната репрезентација на Холандија синоќа на арената Јохан Кројф во Амстердам практично обезбеди учество на Мундијалот со победата врз Финска од 4:0. „Лалињата“ поведоа уште во петтата минута со голот на Мален, а во 17. Капитенот Ван Дајк зголеми на 2:0.
Натпреварот беше решен уште пред крајот на првото полувреме кога Мемфис ДеПај зголеми на 3:0 од пенал. Во второто полувреме селекторот на Холандија Роналд Куман изврши неколку измени и експериментираше со тактички формации, а конечните 4:0 го постави гакпо со преубав гол од далечина.
Холандија има 16 бодови и гол разлика плус 19, додека Полска има 13 бодови со гол разика плус 4, па дури и Полјаците да го добијат мечот со Холандија, немаат шанси за првото место поради убедливата гол разлика на Холанѓаните.
Слични новости
Шпанија најголем фаворит кај обложувалниците за титулата на мундијалот
Откако беше извршена жрепката за групите на Светското првенство во 2026 година, водечките светски обложувалници ја гледаат Шпанија како најголем фаворит за светската круна
Преглед НБА: Оклахома продолжува со победите
Оклахома Сити Тандер ја забележаа својата 14-та последователна победа победувајќи ги Далас Маверикс со 132:111 дома
Извлечени групите за Светското првенство 2026
Жрепката за Светското фудбалско првенство во 2026 година во Вашингтон беше спектакл во холивудски стил, експлозија од гламур, црвени теписи и мноштво светски ѕвезди, а Македонија доколку го мине плејофот против Данска а потоа биде подобра и во соочувањето со победникот од дуелот меѓу Чешка и Ирска ќе се најде во групата А


