Новата малцинска влада на Холандија на чело со мандатарот Роб Јетен денеска треба да положи заклетва. Јетен е досега намлад мандатар за премиер на Холандија, а новата влада ќе биде составена од три партии: Центристичката Д66, Христијанско демократската партија и Народната партија за слобода и демократија.

Трите партии заедно имаа само 66 места во парламентот од 150 седишта, што значи дека за да биде избрана владата ќе им треба поддршка и од опозицијата.

Зелените и левичарските партии уште отсега упатуваат силмни критики кон владата што треба да биде избрана, поради најавите на владата дека ќе ги намали средствата за здравствениот фонд и социјалната помош.

Слични новости