Актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава биле мртви неколку дена, а веројатно и неколку седмици, пред да бидат пронајдени нивните тела во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико, изјави во петокот шерифот на округот.
Оскаровецот 95-годишен актер и неговата 64-годишна сопруга беа пронајдени мртви во посебни простории од нивниот дом северно од Санта Фе.
„Врз основа на состојбата на телата и другите докази, се чини дека Хакман и Аракава биле мртви неколку дена, можеби дури и до неколку седмици“, изјави шерифот на округот Санта Фе Адан Мендоза за телевизиската мрежа NBC News.

Запрашан за расфрланите апчиња пронајдени во бањата до Аракава, Мендоза рече дека побарал токсиколошки извештаи за тие лекови и другите пронајдени во куќата, нарекувајќи го „причина за загриженост“.
„Очигледно е многу важен доказ на местото на настанот“, рече Мендоза, додавајќи дека извештајот за токсикологија може да трае три месеца или подолго.
Меѓу доказите што замениците на шерифот ги земале од домот се лекови за тироидната жлезда и срце, месечен календар за 2025 година, два зелени мобилни уреда и медицинска евиденција, според полицијата.
Шерифот повторно ја отфрли можноста за кривично дело, наведувајќи го немањето докази.
Куќата имала природен гас и остануваат „многу неодговорени прашања“ за тоа дали истекувањето на гас одиграло улога во нивната смрт, изјави шефот на противпожарната служба во Санта Фе, Брајан Моја за NBC.
Една врата на задниот дел од куќата била подотворена. Двете преживеани кучиња влегувале и излегувале од куќата. Третото куче е пронајдено мртво во кафез за кучиња во бањата каде што лежеше Аракава.
Хекман, поранешен маринец познат по својот „засипнат“ глас, се појави во повеќе од 80 филмови, како и на телевизија и сцена за време на долгата кариера што започна во раните 1960-ти.
Слични новости
Драмски обележува 60 години од вселувањето во постојниот објект
Објектот е донација на Владата на Велика Британија како еден од симболите на меѓународната солидарност во напорите да се обнови Скопје по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. И покрај тоа што е замислена како привремен дом, театарот во оваа зграда опстојува и денес
Кои се следните проекти на актерите што беа номинирани за Оскар
Добитникот на Оскар за споредна машка улога Киеран Калкин се враќа на Бродвеј каде што игра во претставата „Гленгари Глен Роуз“, а летоска веројатно ќе игра во третото продолжение на Дина заедно со Тимоти Шаламе
Оскарите годинава со послаба гледаност отколку лани
Според рејтинзите што ги објави агенцијата Нилсен, шоуто на кое домаќин беше Конан О’ Брајен, имаш просечна гледаност од околу 18 милиони луѓе. За прв пат преносот од Оскарите имаше и стрим во живо на платофмата Хулу.