„Хеил Мери“ за само две недли прикажување стана филм со најголема заработувачка на Холивуд откако надмина заработка од 300 милионио долари глобално. Филмот стана и најсупешен филм на студиото Амазон-МГМ.
Научно-фантастичниот филм со Рајан Гослинг во САД викендов заработи 54,5 милиони долари и заработи за две недели 164 милиони долари, па според успешноста се споредува со „Опенхајмер“ и „Дина 2“.
Продуцентите во Амазон-МГМ се особено задоволни затоа што е познато дека на Бокс офсот тешко се продаваат научно-фантастичните филмови. Веќе се размислува за продолжение на „Хеил Мери“ кој би можел да стане франшиза.
Слични новости
Објавен трејлерот за третиот дел на „Дина“ на Денис Вилнев
Ако првиот дел беше контемпација за момче кое го истражува новиот свет, а вториот дел беше воен филм, третиот дел е трилер. Филмот е исполнет со акција и тензија, најави режисерот Денис Вилнев.
„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот
Анимираниот филм „Хоперс“ и натаму е убедливо прв на американскиот Бокс Офис, иако забележа голем пад на гледаноста во втората недела од прикажувањето во кино салите.
Пад на гледаноста на шоуто на додела на Оскарите
Според истражувањето на мерењата за гледаност на Нилсен, Оскарите на Еј БИ Си ги гледаа 17,8 милиони гледачи во САД, за разлика од 20 милиони шти го гледаа шоуто во 2025.


