Либанската милитантна група Хезболах го отфрли договорот меѓу Израел и Либан за прекин на огнот кој во петокот беше потпишан во Вашингтон, изјави пратеникот на Хезболах Хасан Фадлала.
Тој оцени дека кполитичкиот курс на либанските власти се сведува на еднострани неоправдани отстапки кон Израел кои само ќе го поткопаат Либан и им служат на интересите на Израел. Хезболах порача и дека договорот може да создаде опасни внатрешни поделби во Либан.
Преговарачите на Либан, САД и Израел во петокот вечерта потпишаа трилатерална спогодба по пет рунди дипломатски преговори во Вашингтон, за окончување на израелско-либанскиот конфликт.
Слични новости
ОН со повик за помош на настраданите од земјотресот во Венецуела
Повеќе од 900 луѓе загинаа, а 3.360 други се повредени во земјотресите во Венецуела, додека спасувачките тимови и натаму ги пребаруваат урнатините. ОН и другите хуманитарни агенции упатија заеднички повик за солидарност
Иран го обвини Трамп за кршење на примирјето
Иран го ракетираше контејнерскиот брод „Евер Лавли“ кој пловеше под знаме на Сингапур. Веднаш потоа американската восјка соопшти дека изведе удари врз Иран, а целите биле складиштата на ракети и дронови, како и крајбрежните радарски станици во близина на Ормутскиот теснец.
САД ја поддржувале Украина со разузнавачки податоци за удари врз Русија
Според пишувањето на „Фајненшал тајмс“ САД веројатно споделувале разузнавачки податоци со Украина и со тоа непосредно помогнале во нападите на Киев врз руски региони, вклучувајќи ја и Москва.


