Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека американската администрација не ја исклучува употребата на воена сила против Иран, иако официјален Вашингтон воведе ригорозни санкции против Иран.

„ Не ја исклучуваме можноста за изведување на воени удари во околината на Ормутскиот теснец или во близина на Иран“ рече Хегсет, додавајќи дека Техеран не може да го издржи економскиот притисок врз кој е изложен.

Главниот ирански преговарач со САД Мохамед Калибаф претходно порача дека и Американците знаат дека никој нема да поверува во нивните бесмислици.

Слични новости

На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ

На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ

Референдумот во Исланд за продолжување на преговорите за членство во Европска Унија сосема ги подели жителите на островото. Според нецелосните резултати, 51,2% од гласачите се изјасниле за, а 48,8% се „против“, при што државната телевизија „РУВ“ објави дека разликата е стотици гласови.