Иван Хашек повеќе не е селектор на чешката репрезентација, одлучи Чешката фудбалска асоцијација по неочекуваниот пораз на тимот од Фарските Острови во квалификациите за Светското првенство.

Селекторот Иван Хашек мора да се повлече, објави претседателот на федерацијата, Давид Трунда, во Прага. Шеесет идвегодишниот Хашек ја презема функцијата селектор на Чешка во јануари 2024 година, а неговиот наследник сè уште не е именуван.

Фарските Острови изненадувачки ја победија Чешка со 2:1 во неделата. Поранешната чешка фудбалска ѕвезда, Павел Недвед, го нарече настапот на Чесите во толку клучен натпревар „неприфатлив“.

Со оглед на тоа што Чесите се втори во групата Л, три бода зад лидерот Хрватска, која има 16 бода, директниот пласман на Светското првенство е практично недостижен. Победа против претпоследниот тим Гибралтар на 17 ноември би можела да им обезбеди место во дополнителните квалификации. Три дена пред тој натпревар, Чесит играат пријателски натпревар против Сан Марино.

globe

Слични новости

12 тима во борба за преостанатите 6 места во НБА купот

12 тима во борба за преостанатите 6 места во НБА купот

На Денот на благодарноста во САД немаше натпревари во северноамериканската НБА кошаркарска лига, додека петок ги носи последните 11 натпревари од НБА Купот, по што ќе бидат познати сите осум тима што ќе се пласираат во нокаут фазата