Соединетите држави разгледуваат понуди од 15 земји за царински договори и се блиску до договор со некои од нив, изјави во четвртокот економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хасет, откако претседателот Доналд Трамп ги намали повеќето царини во неочекуван пресврт, додавајќи дека меѓу другото и дека за овој пресврт придонела и состојбата на пазарот на трезорските записи.
„Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR) нѐ извести дека сега можеби 15 земји доставиле експлицитни понуди, кои ги проучуваме и ги разгледуваме и за коишто длучуваме дали се доволно добри за да му ги претставиме на претседателот“, изјави Хасет за новинарите во Белата куќа.
Хасет рече и дека челниците на трговските политики на административната ќе се состанат во Белата куќа во текот на денот за „да се уверат дека земјите кои се најважни за постигнување на целта се оние што ние први ќе ги претставиме“.

Посочи дека очекува многу напредок во трговските договори во следните три или четири седмици. „Ова сега е навистина брз процес кој не започнува денеска, ниту започна вчера. Започна многу одамна“, рече тој.
„Голем дел од работите се надофат целта“, изјави Хасет претходно за CNBC.
Ненадејниот пресврт на Трамп во средата, помалку од 24 часа по воведувањето нови царини за повеќето трговски партнери, следеше по најинтензивниот бран на нестабилност на финансискиот пазар од почетокот на пандемијата наковид-19.
Тие превирања избришаа трилиони долари од берзата и предизвикаа вознемирувачко зголемување на приносите на државните обврзници на САД, што се чини дека го привлече вниманието на Трамп.
Хасет, исто така, изјави за CNBC дека основната царина од 10 проценти најверојатно ќе остане на сила за повеќето земји како дел од секој договорен трговски договор.
„Ќе биде потребен некој вид вонреден договор за претседателот да ја намали таа стапка“, рече Хасет.
Временската рамка од 90 дена за склучување трговски договори е „многу изводлива“, додаде тој.
Одговарајќи на новинарско прашање, Хасет, исто така, рече дека нестабилноста на пазарите на обврзници и државните трезорски записи не е директна причина за одложувањето на царините на Трамп, но веројатно тоа додало „малку поголема итност“ за донесувањето на таква одлука.
„Сè се одвиваше на уреден начин. Нема сомнение дека пазарот на трезорските записи вчера имаше влијание дека, знаете, крајно време, мислам, да се донесе одлука со можеби малку поголема итност. Но, таа одлука сепак ќе се случеше“, тврди Хасет.
Приносот на 10-годишните државни записи на САД во средата надмина 4,5 проценти (што значи дека американската влада се задолжува на пазарот по таа цена), а на 30-годишните државни записи надмина 5 проценти, со истовремен пад на нивните цени.
Трговците се сомневаат дека Јапонија и Кина можеби продаваат американски обврзници и државни благајнички записи, а со тоа ја намалуваат нивната цена и ги зголемуваат приносите и дека таквиот развој на настаните може да ја загрижи администрацијата на Белата куќа, пренесува Reuters.
Приносите на долгорочните американски обврзиници се намалија откако беше објавено 90-дневното одложување на американските тарифи, при што приносот на 10-годишните американски записи се движеше околу 4,3 отсто во четвртокот.
Слични новости
Орбан се надева дека ќе потпише трговски договор со САД во замена за царините
Унгарија очекува да потпише трговски договор со САД за шест месеци што може да помогне да се неутрализира очекуваното влијание на царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан
Хамас е подготвен да ги ослободи сите заложници во замена за окончување на војната во Газа
Шефот на Хамас во Газа Халил ал Хаја изјави дека палестинската милитантна група е подготвена веднаш да преговара за договор за размена на сите заложници, во замена за ослободување на Палестинци во израелските затвори, како дел од поширок договор за окончување на војната во Газа.
Виткоф: Русија ќе може да задржи некои нови региони во рамките на спогодбата, но не сите
Специјалниот пратеник Стив Виткоф порача дека територијалните прашања може да бидат делумно решени, а дека членството на Украина во НАТО отпаѓа како можност.