Центарфорот на Барен Минхен Хари Кејн е прогласен за најдобар играч на Бундеслигата. Англичанецот ја доби наградата што ја доделува магазинот „Кикер“ врз основа на гласањето на Здружението на германски спортски новинари.
Хари Кејн доби 272 гласа, а втор е неговиот соиграч од Баерн Минхен, Французинот Мајкл Олисе кој доби 203 гласа од новинарите.
Кејн во минатата сезона постигна 61 гол во сите натпреварувања. Кејн беше клучен во одбраната на титулата на Баерн, а помогна и во освојувањето на купот во чие финале англискиот напаѓачпостигна хет-трик.
Слични новости
Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон
Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во А дивизијата од Лигата на нациите во групата 3, откако на Вембли ја победи Чешка со 3:0. Центарфорот Хари Кејн постигна два гола на својот 125 -ти настап за селекцијата на Англија со што го израмни рекордот на Питер Шилтон.
Швајцарија-Македонија 3:0, продолжува низата порази без постигнат гол
Особено загрижува фактот што на четири натпревари колку што досега одигра во Б дивизијата на Лигата на нации, Македонија не успеа да постигне гол.
Крај на една ера во Ливерпул: Ван Дајк има понуди од европските великани
Капитенот на Ливерпул и на холандската репрезентација Вирџил Ван Дајк на крајот од сезоната го напушта „Енфилд“. Ван Дајк според договорот ја игра својата последна сезона во Ливерпул.


