Англискиот фудбалер Харви Барнс потпиша нов долгорочен договор со клубот, соопшти Њукасл. 28 годишниот Барнс е член на Њукасл од 2023 и досега за клубот има одиграно 120 натпревари на кои има постигнато 30 голови и 14 асистенции.
Хари Барнс минатата сезона одигра 57 натпревари за Њукасл на кои постигна 16 голови со шест асистенции. Барнс изјави дека досегашното патување во фудбалот во Њукасл за него било неверојатно и дека е среќен што тука ќе продолжи.
Њукасл ја отвара сезоната на 23 август против Ливерпул.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
