Eвакуираните од крузерот погоден од Xантавирус, кои беа пратени во Велика Британија се пристигнати во болницата каде што треба да бидат изолирани. 

Властите на Велика Британија соопштија дека 22 британски државјани треба да бидат вратени од Канарските острови со чартер летот.

Тие ќе бидат задржани во карантин во болницата најмалку 72 часа, по што ќе бидат во самоизолација уште 72 дена, соопшти агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија.

Француски патник пак од крузерот  каде беше регистриран хантавирус, развил симптоми за време на летот кон франција, соопшти францускиот премиер .

Официјален Париз соопшти дека патникот веднаш бил ставен под медицински надзор, а останатите евакуирани патници се следат од здравствените власти.

Евакуирани се 140 патници од крузерот, во операција без контакт со локалното население. Здравствените служби потврдија дека сите патници ќе одат во 42 дневен карантин.

Слични новости

Русија ја блокираше платформата Вотсап

Руската служба за надзор на комуникациите и медиумите Роскомнадзор го острани Востап од ДНС серверите, со што е оневозможено користењето на оваа апликација во земјата.

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен оцени дека НАТО без учество на САД „не значи ништо“, укажувајќи дека европските земји и натаму го голема мерка се потпираат врз САД кога станува збор за безбедноста.