Наградата Бафта за британски филм на годината ја освои филмот „Хамнет“ кој има номинации и за Оскар. За филм на годината што не е на англиски јазик беше прогласен автобиографскиот „Сентиментална вредност“ на Јоаким Трир со Стелан Скарсгард.

Во актерските категории, за најдобра главна машка улога наградата неочекувано ја доби Роберт Арамајо за филмот „Се колнам“, додека БАФТА наградата за најдобра женска улога ја освои Џеси Бакли за „Хамнет“.

Шон Пен ја освои наградата за надобра споредна машка улога за „Една битка по друга“, а Вунми Мусаку ја освои наградата за најдобра споредна женска улога за зомби филмот „Грешници“.

Во техничките категории доминираше „Франкештајн“ на Гиљермо дел Торо кој освои три Бафта награди : За најдобар продукциски дизјан, најдобра шминка и фризури и најдобра костимографија.

 

Слични новости

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Продуцентите на серијата „Lowdown“ во кастот на втората сезона го додадоа Оскаровецот Томи Ли Џонс, кој ќе им се придружи на Итан Хоук и Бети Гилпин. Засега не се објавуваат детали за ликот на Томи Ли Џонс во серијата.

Засилена безбедноста за Оскарите по иранските закани за напад врз Калифорнија

Засилена безбедноста за Оскарите по иранските закани за напад врз Калифорнија

Продуцентите на спектаклот на доделувањето на наградите Оскар што ќе се одржи во недела вечер во Холивуд изјавија дека „сакаат сите да се чувствуваат безбедни и заштитени“ на церемонијата, откако ФБИ предупреди дека Иран планира да ја нападне Калифорнија со дронови.