Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Ферари ќе стартува од пол-позицијата во спринтерската трка за Големата награда на Кина.

Хамилтон, кој во досегашната кариера има шест победи на трките за Големата награда на Кина, патеката во Шангај во квалификациите ја мина за 1:30.849 минути, поставувајќи нов рекорд во кругот.
Второто место во квалификациите, со само 18 илјадитинки послабо време, го освои актуелниот светски шампион од Холандија, Макс Верстапен (Ред Бул), додека зад нив трката ќе ја започнат Австралиецот Оскар Пјасти (Мекларен-Мерцедес) и Монегаски Шарл Леклер (Ферари).
Слични новости
Леброн во последната секунда ја прекина низата порази на Лејкерс, Јокиќ се врати со „трипл-дабл“
Лос Анџелес Лејкерс ја совлада домашната екипа Индијана Пејсерс со 120:119 во Индијанаполис, а победата ја обезбеди Леброн Џејмс со кош со последниот судиски свиреж
Евролига: Ѕвезда го згасна Виртус, петта последователна победа на Ефес
Кошаркарите на белградска Црвена ѕвезда во среда вечерта во рамките на 31. Коло на Евролигата го совладаа Виртус Болоња со 88:52 (28:11, 23:16,18:10, 19:15) и така направија голем исчекор кон пласман во плејофот
Мајами: 19-годишна Филипинка ја шокираше Швјонтек
Деветнаесетгодишната филипинска тенисерка Александра Еала се пласираше во полуфиналето на ВТА турнирот во Мајами, откако ја победи втората светска тенисерка, Полјачката Ига Швјонтек со 6-2, 7:5