Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Ферари ќе стартува од пол-позицијата во спринтерската трка за Големата награда на Кина.

Хамилтон, кој во досегашната кариера има шест победи на трките за Големата награда на Кина, патеката во Шангај во квалификациите ја мина за 1:30.849 минути, поставувајќи нов рекорд во кругот.
Второто место во квалификациите, со само 18 илјадитинки послабо време, го освои актуелниот светски шампион од Холандија, Макс Верстапен (Ред Бул), додека зад нив трката ќе ја започнат Австралиецот Оскар Пјасти (Мекларен-Мерцедес) и Монегаски Шарл Леклер (Ферари).
Слични новости
Евролига: Олимпијакос изненаден од Црвена ѕвезда
Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја остварија и втората победа сезонава над лидерот во Евролигата, совладувајќи го на негов паркет Олимпијакос со 81:73
Преглед Лига на нациите: Шпанија извлече реми кај Холандија, пресврт на Германија во Милано, Хрватска ја совлада Франција…
Актуелниот европски шампион и бранител на титулата во Лигата на нации, Шпанија ремизираше 2:2 против Холандија во Ротердам, Германија со пресврт дојде до победа над Италија со 2:1 во Милано, додека Данска славеше победа од 1:0 над Португалија во Копенхаген
Рома без Дибала до крајот на сезоната
Италијанскиот фудбалски клуб Рома објави дека неговиот напаѓач и аргентински интернационалец 31-годишниот Пауло Дибала ќе го пропушти остатокот од сезоната поради операција на левиот бутен мускул