Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Ферари ќе стартува од пол-позицијата во спринтерската трка за Големата награда на Кина.

 

Хамилтон, кој во досегашната кариера има шест победи на трките за Големата награда на Кина, патеката во Шангај во квалификациите ја мина за 1:30.849 минути, поставувајќи нов рекорд во кругот.

Второто место во квалификациите, со само 18 илјадитинки послабо време, го освои актуелниот светски шампион од Холандија, Макс Верстапен (Ред Бул), додека зад нив трката ќе ја започнат Австралиецот Оскар Пјасти (Мекларен-Мерцедес) и Монегаски Шарл Леклер (Ферари).

globe

Слични новости