Ѕвездата на Мундијалот во 2014 Хамес Родригез се враќа во матичната земја Колумбија каде што ќе ја продолжи кариерата со Атлетико Насионал. Информацијата ја потврдија повеќе медиуми, како и инсајдерот Фабрицио Романо.

Родригез се враќа во татковината по цели 18 години, откако како 17 годишно момче замина од Колумбија во аргентинскиот Банфилд, а потоа во Порто и Монако.

По Мундијалот 2014 го направи трансферот на кариерата во Реал Мадрид, по што кариерата му тргна во надолна линија.

Оттогаш смени осум клубови, а во Колумбија се враќа од Минесота.

Слични новости

Скот Мектоминеј успешно опериран, соопшти Наполи

Скот Мектоминеј успешно опериран, соопшти Наполи

Фудбалерот на Наполи Скот Мектоминеј успешно е опериран, откако без поголеми проблеми беше извршена хируршка интервенција на неговото срце, со што е отстранета аритмијата која ја доживуваше последните недели.

Ембапе се проби во топ 5 стрелците на Лигата на шампиони на сите времиња

Ембапе се проби во топ 5 стрелците на Лигата на шампиони на сите времиња

Килијан Мбапе синоќа постигна нов гол за Реал Мадрид на средбата против Интер, Тоа беше 71-от гол на Мбапе во Лигата на шапиони, со што се изедначи на петтото место на вечната листа со некогашната легенда на Реал Мадрид Раул Гонзалес.