Ѕвездата на Мундијалот во 2014 Хамес Родригез се враќа во матичната земја Колумбија каде што ќе ја продолжи кариерата со Атлетико Насионал. Информацијата ја потврдија повеќе медиуми, како и инсајдерот Фабрицио Романо.

Родригез се враќа во татковината по цели 18 години, откако како 17 годишно момче замина од Колумбија во аргентинскиот Банфилд, а потоа во Порто и Монако.

По Мундијалот 2014 го направи трансферот на кариерата во Реал Мадрид, по што кариерата му тргна во надолна линија.

Оттогаш смени осум клубови, а во Колумбија се враќа од Минесота.

Слични новости

Халанд повика на единство во тешкиот момент за Манчестер сити

Халанд повика на единство во тешкиот момент за Манчестер сити

Фудбалерот на Манчестер сити Ерлинг Халанд ги повика денеска на единство и насмевки сите во клубот и навивачите, откако независната комисија утврди дека клубот ги прекрши финансиските правила на Премиер лигата.

Хулиан Алварез го отпушти својот менаџер по големата помпа дека преминува од Атлетико Мадрид во Барцелона

Хулиан Алварез го отпушти својот менаџер по големата помпа дека преминува од Атлетико Мадрид во Барцелона

Задоволство од одлуката на Алварез изрази и клубот Атлетико Мадрид кој сметаше дека токму Хидалго беше човекот што го туркаше Алварез во Барцелона и ги распламтуваше страстите во медиумите.