Лидерите на палестинското милитантно движење Хамас, како во Газа, така и во странство, разгледуваат предлог за распуштање на военото крило и трансформација на движењето во исклучиво политичка организација.

Според медиумските извештаи кои се повикуваат на извори во Хамас, предлогот предвидува Хамас да стане политичка организација вклучена во јавниот, економскиот и општествениот живот, како и да и се приклучи на Палестинската ослободителна организација со која претседава Махмуд Абас, пишува Тајмс оф Израел.

Во разговорите за разоружување Хамас веќе директно ги контактирал Египет, Катар и Турција, а прашањето е индиректно покренато и во Америка.

Се наведува и дека доколку Хамас се согласи да го положи оружјето, тоа би било само во рамките на палестински национален договор, одбивајќи да му бидат наметнати услови од Обединетите нации или Израел.

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер