Според Хамас, станува збор за посмртни останки на заложник грабнат во нападот на 7-ми октомври 2023 година во јужен Израел. Вработените во Црвениот крст ќе го предадат ковчегот на израелската армија подоцна, објави армијата. Идентитетот на заложникот мора да биде потврден од страна на форензичкиот институт во Тел Авив.

Израел и Хамас се согласија да разменуваат тела како дел од договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД. Според договорот, за секој заложник чии останки Хамас ќе ги предаде, Израел мора да ги предаде телата на 15 жители на Појасот Газа. Израел досега ги предаде телата на 285 Палестинци, од кои 84 се идентификувани, според палестинските здравствени власти.

 

Во вторник вечерта Хамас му го предаде телото на израелски војник, кој имал и германско државјанство, на Црвениот крст. Израел ги предаде останките на 15 Палестинци претходно во средата.

Хамас ги ослободи преостанатите живи заложници на 13-ти октомври во замена за ослободување на стотици Палестинци од израелските затвори.

И покрај прекинот на огнот, оружените инциденти во Појасот Газа продолжуваат. Според палестинските здравствени власти, откако започна прекинот на огнот на 10-ти октомври, во израелските напади во Појасот Газа убиени се повеќе од 240 лица.

globe

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер