Палестинската милитантна група Хамас во четвртокот предаде уште две тела за кои вели дека се останките на израелски заложници, ден откако кревкото примирје во Газа беше загрозено од серија смртоносни израелски напади низ енклавата со речиси 110 убиени Палестинци од кои речиси половината беа деца.
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека израелските сили примиле две тела преку членови на Црвениот крст во Газа и дека тие ќе бидат транспортирани во Израел за идентификација.
Според договорот за прекин на огнот, Хамас ги ослободи сите живи заложници во замена за речиси 2.000 палестински затвореници и воени заробеници, додека Израел ги повлече своите трупи од главниот град Газа, ја запре својата офанзива и го овозможи до едно ниво проток на помошта за изгладнетото и изнемоштено население на енклавата.
Хамас се согласи да ги предаде останките на сите 28 заложници во замена за останките 360 палестинскиб борци убиени во војната. До четврток, движењето предаде 15 тела.
Израел го обвини Хамас дека е премногу бавен во тоа, додека милитантната група вели дека ѝ треба повеќе време за да ги лоцира и врати сите останки кои се затрупани под урнатините на зградите и подземните тунели во израелската војна ширум областа.
Семејствата на заложниците според јудејските обичаи очајно сакаат да ги погребаат своите најблиски со достоинство и се плашат дека нивните останки ќе бидат изгубени засекогаш под урнатините на Газа.
Овие тешкотии го комплицираат планот на американскиот претседател Доналд Трамп за трајно завршување на војната во Газа. Претстојат бројни пречки, вклучувајќи ги преговорите за идното управување со Газа и разоружувањето на Хамас. Во исто време, страните се обвинуваат меѓусебно за кршење на прекинот на огнот.
Слични новости
Трамп: Казната на ЕУ за „Икс“ е гнасна
Трамп кој ја нарече казната на ЕУ регулаторите гнасна, порача дека Европа се движи во лоши правци и дека треба да биде многу внимателна.
Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин Богородица ( Евзони ) е целосно нормализиран од 21 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, овој премин беше во целосна блокада, и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.
Зеленски: На Украина ѝ недостигаат 800 милиони долари до крајот на годината за оружје
На Украина ѝ недостигаат околу 800 милиони долари за да купи американско оружје до крајот на оваа година со помош на европските сојузници, изјави...


