Израел во неделата ги прими, според објавата на палестинското милинтантно движење Хамас, позмртните останки од израелски војник убиен во палестинската енклава пред повеќе од една деценија.
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека телото е предадено од Црвениот крст во Појасот Газа.
Хамас претходно изјави дека ќе го предаде телото на Хадар Голдин, војник убиен во заседа во Газа за време на војната меѓу Израел и Хамас во 2014 година.
Посетата на израелски воен функционер на семејството на Голдин во саботата сугерира дека израелските власти веруваат дека тврдењата на Хамас се веродостојни, објави израелскиот медиум Haaretz.
Хамас ослободи 20 заложници откако беше постигнат прекин на огнот на 10-ти октомври и до неделата ги предаде останките на 23 од 28-те што вети дека ќе ги врати.
Слични новости
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија


