Палестинската исламистичка грипација Хамас во понеделникот му честиташе на сирискиот народ за постигнувањето на нивните „аспирации за слобода и правда“ со соборувањето на претседателот Башар ал-Асад.

Тоа беше првиот јавен коментар од Хамас откако бунтовничките сили влегоа во сириската престолнина Дамаск во неделата по зачудувачкото ненадејно напредување на сунитските џихадистичките бунтовници поддржани од протурските бунтовници и турските единици во Сирија, а Асад се повлече од должноста и замина во Русија по 13 години граѓанска војна и пет децении секуларност на земјата водена од автократско владеење на неговото семејство.

„Ние стоиме цврсто со големиот народ на Сирија… и ја почитуваме волјата, независноста и политичкиот избор на народот на Сирија“, соопшти исламистичката фракција од Појасот Газа.

Хамас вели дека се надева дека Сирија по Асад ќе продолжи со „својата историска и клучна улога во поддршката на палестинскиот народ“.

Исламскиот џихад, сојузник на Хамас, го дели истиот став.

„Исламски џихад се надева дека Сирија ќе остане вистински поддржувач на палестинскиот народ, неговата праведна борба, како што била секогаш“, рече водачот на групата, Зијад ал-Нахала.

Хамас јавно го поддржа сунитскиот муслимански бунт против владеењето на Асад во 2011 година и го напушти своето седиште во Дамаск во 2012 година. Во текот на сириската граѓанска војна Хамас повеќепати воено се суди раше со либанското шиитско движење Хезболах, кое како и Иран, го поддржуваа Башар ал-Асад.

Палестинското движење, чии идеолошки корени се во сунитското исламистичко Муслиманско братство, се огради од Асад, припадник на малцинската алавитска секта, огранок на шиитскиот ислам обвинуван од Западот предводен од САД за наводна епресија врз претежно сунитските муслимански демонстранти и бунтовници.

Потоа, во 2022 година, Хамас одлучи да ги обнови врските со владата на Асад и испрати делегација во Дамаск, каде лидерите на Хамас се сретнаа со сирискиот претседател со надеж дека ќе ги поправат односите.

Сирија и Иран на Асад формираа „оска на отпор“ заедно со либанското движење Хезболах и палестинските милитантни групи за да му се спротивстават на Израел.

Позитивната реакција на Хамас на падот на Асад е во спротивност со одговорот на шиитскиот Хезболах, кој одигра голема улога во поддршката на Асад во текот на годините на граѓанската војна.

Сирија на Асад долго време служеше како канал за оружје на Иран за Хезболах. Висок функционер на Хезболах ги опиша настаните во Сирија во понеделникот како „голема, опасна и нова промена“ во блискоисточниот регион.

globe

Слични новости

Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин

Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин

За праведен мир во Украина и за „запирање“ на рускиот претседател Владимир Путин, потребно е единство на САД и Европската унија, како и во рамките на самата ЕУ, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски

ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид

ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид

Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) во извештајот во четвртокот соопшти дека Израел убил илјадници Палестинци во Газа со тоа што им го ускратил пристапот до чиста вода, што според неа правно е чин на геноцид и истребување